HTC направи сијалици кои можат да ви го спасат животот

- Advertisement -

Досега од HT ги видовме некои од најдобро дизајнираните паметни телефони во светот, а сега компанијата направи паметна верзија на еден од секојдневните предмети во домаќинствата кои можат да ви го спасат животот. HTC со помош на технологијата која ја користи во својот Vive VR сет за виртуелна реалност разви сијалица која може да детектира кога некој човек паднал и лежи на под во собата која ја осветлува сијалицата. Доколку некој падне, се активира антена која може да помогне да се детектира дали човекот е жив или мртов. 

Истата технологија може да детектира доколку некој предолго време седи на исто место. Функцијата Sedentariness Reminder Function ќе им каже на луѓето во просторијата дека седењето на едно место долг период не е здраво. Веројатно ќе се испраќа и известување преку апликацијата која доаѓа со сијалицата. Истата апликација автоматски може да повика амбулантно возило доколку некој паднал и не може да стане.

- Advertisement -

Spored Phone Arena, ова можеби е зачеток на оддел на HTC кој произведува паметни уреди за домот или компанијата ќе одлучи да го продлабочи партнерството со Google и сијалиците ќе ги продава преку линијата паметни уреди Google Nest.

Сподели!
- Advertisement -