Хемикалии од кремите за сончање по прв пат пронајдени во мразот на Арктикот

- Advertisement -

Арктичките глечери, за кои некогаш се сметаше дека се недопрени, сега откриваат траги на 13 вообичаени состојки од производи за лична нега, вклучувајќи и креми за сончање. Тоа откритие, за кое известија Маријана Д’Амико и нејзините колеги од Универзитетот Ка Фоскари во Венеција, го налгасува присуството на тие материи во снежната покривка на норвешкиот архипелаг Свалбард.

За некои од тие хемикалии ова е прв пат да е пријавено нивното присуство во снегот на Свалбард, вели Д’Амико. Тие состојки, наречени „хемикалии кои предизвикуваат загриженост на Арктикот“ (Chemicals of Emerging Arctic Concern или CEACs), се дел од листата за надзор која ја составија научници за заштита на околината, кои го следат загадувањето ан околината на Арктикот. Иако CEAC претходно беа пронајдени во поларни региони, нивните примарни извори и процесите на транспорт дотаму и понатаму се слабо познати.

- Advertisement -

Новото истражување, објавено во списанието Science of the Total Environment, се фокусира на 13 состојки кои вообичаено се наоѓаат во производи за лична нега, собирајќи 25 примероци од снег на различни локации, вклучувајќи ги и глечерите.

Сите освен еден глечер покажале се поголема концентрација на UV филтри во текот на зимата, при што бензофенон-3 и октокрилен посебно преовладувале на врвовите на глечерите. Научниците се сомневаат дека преносот преку ветрот е најверојатниот механизам за тие хемикалии, кои го впиваат UV зрачењето, да стигнат до оддалечените арктички глечери. Арктичката магла, односно загадениот систем на воздушни маси, може и да придонесе за тој пренос затоа што покрива големи подрачја во текот на зимата.

- Advertisement -

Загриженоста не произлегува само од присуството на тие загадувачи, туку и поради непознатото влијание врз водотоците и морската околина кога ќе се стопи снегот. Д’Aмико ја нагласува потребата за понатамошно земање примероци од мразот за да се утврди дали нивото на тие материи во мразот и снегот е на опасно ниво за околината.

(Zimo)

- Advertisement -

(фото: Pxhere)

Сподели!
- Advertisement -