Воз кој се движи 450 км/ч ќе почне да вози од Пекинг до Шангај во 2025 година

- Advertisement -

Кина планира во текот на оваа година да заврши со тестирање и производство на прототипот на моделот CR450 од домашно производство на брзите возови од серијата Fuxing, кои можат да достигнат брзина до 450 км/ч.

Како што пишува весникот South China Morning Post, Државните железници на Кина ги објавија најновите информации за фазите од развојот на возови од нова генерација. Процесот на развој и тестирање на прототипот CR450, чија максимална брзина ќе изнесува 450 км/ч, треба да биде завршен годинава.

- Advertisement -

Планирано е возот да биде официјално пуштен во сообраќај веќе во 2025 година. Како што се наведува, планирано е воспоставување на нова инфраструктура за возови од новата генерација, така што ќе се надгради технологијата за автоматско управување и шините.

Брзите возови кои моментално се користат во Кина може да достигнат максимална брзина од 350 км/ч. Со влезот во сообраќај на моделот CR450 се очекува дека патувањето од Пекинг до Шангај ќе се скрати за час и половина – од над 4 часа на само 2,5 часа.

- Advertisement -

(N1)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -