New York Times ги тужи OpenAI и Microsoft за „незаконско копирање“ на нивните содржини

- Advertisement -

Американскиот дневен весник The New York Times (NYT) презеде офанзива против технолошките гигант Microsoft и компанијата за развој на вештачката интелигенција OpenAI. Весникот ги обвинува за злоупотреба на нивните новинарски содржини во обучувањето на вештачката интелигенција.

Во тужбата, покрената пред надлежен суд во Менхетен, Њујорк, се наведува дека милиони текстови на NYT биле искористени за обука на системите со вештачка интелигенција како што се GPT-4 на OpenAI и Bing Chat на Microsoft, ефективно создавајќи нелојална конкуренција што го „имитира посебниот новинарски белег“ на весникот.

- Advertisement -

Во образложението на тужбата се даваат примери каде резимеата генерирани од вештачката интелигенција доследно ги повторуваат оригиналните содржини на весникот, вклучително и истражувачки стории,  понекогаш цитирајќи ги дури и дословно – без дозвола или соодветно наведување на изворот.

Во прашање, според NYT, не е само заштитата на нивната интелектуална сопственост, туку и заштитата на нивниот бизнис модел. Имено, алатките со вештачка интелигенција им нудат на корисниците бесплатен пристап до информациите кои инаку се заштитени позади претплата („paywall“), потенцијално пренасочувајќи ги читателите и претплатниците на весникот што доведува до намалување на приходите.

- Advertisement -

Весникот смета дека нивната веб-страница е најексплоатираниот ресурс на овој начин, со преку 66 милиони текстови искористени за обука на моделите со вештачка интелигенција. Од NYT бараат уништување на сите податоци извлечени од нивните содржини со цел обука на системите со вештачка интелигенција. Иако не е прецизирано колку сакаат да бидат компензирани за наводниот плагијат, од весникот велат дека тужените треба да бидат одговорни за „милиони долари легална и реална штета“.

Извор – Маркетинг 365

Сподели!
- Advertisement -