Моментално во светот се на сила 18.772 санкции против руски поединци и претприемачи, што е шест пати повече од почетокот на војната во Украина, пренесува порталот Biznis.rs.
На веќе важечките санкции од Западот поради анексијата на Крим од 2014 година почнувајќи од февруари 2022 година досега се додадени нови 16.077 санкции, покажуваат шодатоците на американската ИТ компанија, Castellum.
Во бројот на санкции против русија предничат САД со 3.551 рестрикции, а потоа следуваат Канада, Швајцарија и Велика Британија, Најголем дел од тие санкции се насочени кон поединци (11.462), додека против бизнис ентитети се воведени 4.344 мерки, за бродовите важат 169 санкции, а за авионите важат 102. Во овие бројки не се вклучени санкциите како што е општото трговско ембарго на гасот или нафтата.
Покрај санкциите кои ги воведоа држави и оправни тела, над 1.000 компании се повелкоа од рускиот пазар, покажува истражувањето на Школата за менаџмент при американскиот Универзитет Јеил. Меѓу компаниите кои ја напуштија Русија се и Adidas, Google, Disney, Exxon и Volkswagen.
Пред војната во Украина, Иран беше најсанкционирана држава во историјата со 3.616 активни санкции кои ги воведоа САД, Велика Британија, земјите на ЕУ, Австралија, Канада, Индија и Израел. Односите на Западот зо оваа земја беа тензични поради иранската нуклеарна програма, како и поради непријателскиот став кон Израел. Сега Иран е на второ место во светот по бројот на санкции.
На трето место е Сирија, против која се воведени доста санкции од 2011 година досега, кога почна граѓанската војна во земјата. На четврто место е Северна Кореја, против која се воведени 2.171 санкции во светот. Покрај западните земји и нивните сојузници во Азија, против Северна Кореја се воведени и санкции во Кина и Русија.
Следни на листата се Белорусија, Мјанмар и Венецуела. на оваа листа ја нема Куба, за која беа замрзнати санкциите воведени од страна на САД.
(Biznis.rs)
(фото: Needpix)