Емисијата на СО2 по европските патишта иста како и пред 12 години

- Advertisement -

Во текот на изминатата деценија производителите на автомобили користеа дупки во тестирањето за во лабораториски услови да докажат дека имаат помала емисија на стакленички гасови. На патиштата истите тие возила испуштаа многу повеќе стакленички гасови, предупреди ревизорскиот суд.

Во меѓувреме, тестирањето е изменето, благодарение и на скандалот со лажирањето на податоци за емисијата на гасови од дизелашите од 2015 година и сега подобро ги одразуваат вистинските услови во возењето. Од септември 2017 година новите тестови станаа задолжителни.

- Advertisement -

Тоа ефикасно го намали, но не го елиминираше јазот меѓу емисијата на гасови во лабораториски услови и во реално возење. Реалната емисија од конвенционалните автомобили, кои уште сочинуваат речиси 3/4 од новорегистрираните возила, заклучија ревизорите.

Европската комисија се подготвува да препорача нето емисијата на гасови до 2040 година да се намали за 90% во однос на нивото од 1990 година за ЕУ до средината на овој век да го исполни своето ветување испуштањето штетни гасови да го сведе на нула, велат упатени извори.

- Advertisement -

Ревизорите, пак, предупредуваат на проблеми. Зелената револуција на ЕУ ќе биде возможна само ако значително се намали бројот на возила кои ја загадуваат околината, а предизвикот е огромен, велат ревизорите.

Емисијата ма CO2 од автомобилите нема да биде реално и опипливо намалена се додека преовладуваат мотори со внатрешно согорување, но електрификацијата на возниот парк во ЕУ е огромен потфат.

- Advertisement -

ЕУ во изминатите 30 години успеа да ја намали емисијата на стакленички гасови на многу полиња, но испуштањето CO2 во секторот транспорт и понатаму расте. Во 2021 година тој сектор учсетувал со 23% во вкупната емисија на стакленички гасови во ЕУ. а повеќе од половина од тој удел отпаднала на перосналните автомобили.


Во изминатите 10 години емисијата од дизелашите не се снемила значително, а во сегментот бензинци намалена е за 4,6%. РЕалната емисија на хибридните автомобили исто така е многу поголема од емисијата која е измерена во лабораториски услови, а прилагодувања се прогнозираат од 2025 година натаму. Дотогаш плагин и хибридните модели ќе се третираат како возила со ниска емисија на стакленички гасови, во корист на производителите на автомобили.

Уделот на електричните возила во продажбата скокнал од 1% на 7% од 2018 до 2022 година. Само електричните возила, според ревизорите, помогнале да се намали просечната реална емисија на CO2.

(Zimo)

(фото: Needpix)

Сподели!
- Advertisement -