NOKIA планира да отпушти речиси 15.000 вработени

- Advertisement -

Nokia не се откажува од плановите кои ги зацрта во октомври минатата година – ќе отпушти од 9.000 до 14.000 вработени до крајот на 2026 година. Се со цел кратење на трошоците.

Оваа одлука следува откако финската компанија извести за пад на продажбата од 20% меѓу јули и септември минатата година. Тие лоши резултати ги објасни со забавување на побарувачката за 5G опрема на пазарите како Северна Америка. Покрај тоа, инфлацијата и глобалните неприлики влијаеле на намалената потрошувачка од страна на клиентите.

- Advertisement -

Со оглед на тоа дека Nokia има околу 86.000 вработени, станува збор за значително кратење. Исто така, од 2015 година исчезнаа илјадници работни места, што значи дека потезите кои ги прават лидерите не носат напредок во поглед на бизнисот. Овој пат целта на одлуката е да се скратат трошоците за околу 1,2 милијарди евра до крајот на 2026 година.

Извршниот директор на компанијата, Пека Лундмарк, тврди дека напредокот на вештачката интелигенција бара инвестиции во мрежи кои имаат значително подобрени можности. Но, ако се земе предвид неизвесната ситуација со закрепнувањето на пазарот, ништо не може да се препушти на случајот, па затоа се одлучија на кратење.

- Advertisement -

(Poslovni Dnevnik)

(фото: YouTube)

Сподели!
- Advertisement -