Во Италија почна со работа првата фабрика за производство на брашно од инсекти

- Advertisement -

Во Италија се отвори првата фабрика за преработка на инсекти со цел производство на брашно. Тоа го наметнува прашањето колку е тоа брашно здраво и дали се работи за тренд или за трајна замена за пченичното брашно.

Првата италијанска фабрика за производство на брашно од инсекти е отворена во регионот Марке, во централна Италија, и покрај противењето на министеро за земјоделство на земјата, Франческо Лолобриџида.

- Advertisement -

Од компанијата Nutrinsekt, која ја отвори фабриката, велат дека со ова се отвора нови поглавје во историјата на прехранбената индустрија. Го повикаа министерот Лолобриџида да дојде и сам да се увери колку е брашното од инсекти здраво и хранливо.

Во Службениот весник од 29 декември минатата година објавено е правило со кое во Италија се дозволува брашно направено од скакулци, ларвите на брашнастиот црв и ларвите на брашнарица.

- Advertisement -

(Bizlife)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -