Триглав советува: Што да направите ако автомобилот Ви заглави во снег?

- Advertisement -

Деновиве сме сведоци на студено време и обилни врнежи на снег, кои дополнително ги отежнуваат условите во сообраќајот. Во продолжение Триглав Осигурување ви нуди неколку совети, како да возите побезбедно и што да направите доколку автомобилот ви заглави во снег:

  • Прво, препорачуваме во текот на овие зимски денови Вашиот автомобил да биде соодветно опремен за снег,неопходни се зимските пневматици, функционални брисачи и течност за перење на шофершајбната, која што не замрзнува на температури под нулата, метличка за снег, како и стругач за мраз. Кутија со сол, исто така би можела да биде дел од вашата зимска опрема.
  • Доколку сепак ви се случи автомобилот да заглави во снег, избегнувајте нагли движења. Намалете ја брзината и обидете се наизменично да ја ставата рачката на менувачот во прва брзина и во рикверц, поместувајќи го возилото полека напред-назад, додека не се извлечете од снегот.
  • Можете да налетате на различни видови на снег, кој што различно ќе влијае на контролата кај секој пневматик. Лапавица и тежок, влажен снег можат брзо и лесно да се претворат во ледена платформа. Сувиот, нов снег, па и снегот врз кој што претходно се возело имаат други својства и бараат поинакво возење. На контролата и зафатнината на пневматиците влијае и димензијата на истите, тесните пневматици во снегот се снаоѓаат подобро отколку широките.
  • Понекогаш и средствата за одмрзнување, или миење на стаклото од автомобилот можат да послужат за топење на снегот околу пневматиците од автомобилот.
  • Сигнализирајте дека сте заглавени на патот, поставете соодветен триаголник.
  • Доколку не успеете да тргнете, побарајте помош, а додека дојде влечна служба, останете внатре во автомобилот.
  • Не заборавајте, услугата Триглав автомобилска асистенција на пат е достапна за клиентите на Триглав Осигурување, корисници на автомобилско и/или каско  осигурување. Одберете еден од трите пакети на услуги и добивате поддршка 24/7. Доколку штетниот настан се случи во Македонија, јавете се на бесплатниот телефонски број 0800 16 206, или пак на претплатничкиот број 02 511 62 06.
Сподели!
- Advertisement -