Бил Гејтс откри кои иновации ќе го променат светот

- Advertisement -

Еден од најбогатите луѓе во светот и основачот на “Мајкрософт”, Бил Гејтс, откри шест иновации што, според него, може да го променат човештвото. Поголемиот дел од работите што се најдени на листата немаат никаква врска со компјутерите!

Подобри складишта за вакцините

Вакцините спасуваат милиони животи ширум светот, но тие брзо се расипуваат ако не се чуваат во соодветни услови. Група научници од компанијата Глобал Гуд создадоа иновативен фрижидер наречен MetaFridge.

- Advertisement -

Специфичен е по тоа што држи ниска температура и кога ќе остане без струја, па вакцините во него не се расипуваат толку лесно. Научниците исто така работат на преносни фрижидери кои докторите ќе можат да ги носат со себе во далечните места.

Уредување на гените

- Advertisement -

“Замислете иднина во која би можеле да земеме ДНК од болно лице, да ги отстраниме гените кои ја предизвикуваат болеста и на тој начин да го излечиме.” – вели Гејтс

Уредувањето на гените е се уште во раните фази на развој и со себе носи и многу прашања за тоа како да се користи оваа технологија на одговорен и етички начин.

- Advertisement -

Соларно гориво

“Ако сакаме да се ослободиме од фосилните горива и климатските проблеми кои ги предизвикуваат, ни требаат повеќе различни пристапи. Неодамна ја посетив лабораторијата во Институтот Калтек, каде научниците се обидуваат сончевата енергија да ја претворат во гориво” – вели Гејтс

И понатаму сме далеку од моментот кога ќе почнеме да ги возиме автомобилите на соларно гориво, но креативниот пристап на научниците дава надеж дека во блиска иднина ќе успеат да создадат енергетско чудо.

мРНА вакцини

Повеќето од денешните вакцини содржат ослабени или неактивни форми на вирус за да го поттикнат нашиот организам да произведува антитела и да ја спречи болеста.  Меѓутоа научниците сега се обидуваат да искористат генетски материјал кој би можел да го забрза или поефтини развивањето на нови вакцини.

Подобар внес на лекови

“Ако секој ден во исто време треба да испиете некој лек, тогаш сигурно знаете колку често заборавате да го испиете” – истакнува Гејтс

Компанијата Интарсија создала мал уред кој се вградува во кожата и полека ослободува лекови во крвта во одреден временски период.

Овие импланти, истакнува Гејтс, би биле посебно корисни за ХИВ позитивните лица бидејќи еден имплант би можел да го штити лицето дури година дена.

Вештачка интелигенција

“Од сите иновации на оваа листа, сигурен сум дека токму оваа во целост ќе го трансформира нашиот начин на живот. Сметам дека вештачката интелигенција ќе не направи попродуктивни и делотворни” – заклучува Гејтс

Вештачката интелигенција ќе создаде нови предизвици на кои ќе мора да обратиме внимание како на пример фактот што многу луѓе ќе останат без работа поради автоматизацијата.

Сподели!
- Advertisement -