Тим од студенти од Факултетот по електротехника и информатика од Загреб победи на меѓународен натпревар по роботика во Абу Даби со својот проект за соработка на беспилотни летала и бродови без екипаж во спасување животи. Тимот освои награда од 2 милиони долари.
Загрепскиот победнички тим се состои од експерти од Лабораторијата за роботика и интелигентни системи и Лабораторијата за подводни системи и технологија.
И покрај силната конкуренција од дури шеесетина тимови од угледни универзитети од целиот свет, вклучувајќи ги и Локхид Мартин и МИТ, тимот од Загреб, предводен од главниот инженер на бродот без екипаж Кристијан Крчмар, најпрвин се најде меѓу првите пет тимови и на крајот беше прогласен за победник. .
Еден од најпрестижните натпревари по роботика во светот, кој го соинзорира претседателот на ОАЕ и владетел на Абу Даби, шеикот Мохамед Бин Зајед, се одржува секои две години во Абу Даби. Целта на натпреварот била да се направи целосно автономен брод кој би можел да земе товар од друг брод во соработка со дронови.
(Zimo)
(фото: FER)