Од ноќеска на полноќ дизелот поскапува за 1 денар по литар, а цената на ЕУРОСУПЕР БС-98 и на екстралесното масло за домаќинство се зголемува за половина денар по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).
Со одлуката се врши зголемување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,66%, односно за 1,29%.
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 останува 66,5 денари за литар, додека пак ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 68,5 денари по литар, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 59,5 денари по лита, а екстралесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 48 денари за литар.
Со одлуката на РКЕ за 0,764 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС и ќе изнесува 29,367 денари.
Како причина за зголемувањето на цените на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат за 3,81% повисоката просечна цена на сурвата нафта на светскиот пазар во изминатите 14 дена и за 1,54% понискиот курс на доларот во однос на денарот.