Oва е најмалиот хуманоиден робот, направен е од ученици

- Advertisement -


Четворица членови на тим за роботика од Епархиското училиште во Хонг Конг постигнаа извонреден инженерски подвиг со изградба на најмалиот хуманоиден робот на светот.
Роботот е висок само 141 mm, што е за 11,2 mm пократко од стандардното хемиско пенкало, соборувајќи го рекордот поставен од пакистанецот Заин Ахмад Куреши во 2022 година. Иновативниот тим зад новата креација се состои од Арон Хо Јат Фунг, Исак Захари То, Џастин Ванг Ту Дуонг и Нго Хеи Леунг

Нивниот хуманоиден робот беше официјално признат како Гинисов рекорд.

- Advertisement -

Учениците во својата работа сакале нивниот робот да има голем опсег на движења, што значи да ги движи рамената, лактите, колената и колковите, а истовремено да го совлада и движењето на две нозе.

Тие користеа CAD за дизајнирање на роботот, а по финализирањето на техничките спецификации и потребните компоненти, се потпираа на експертизата на фабриката за производство на серво мотори прилагодени на нивните барања.

- Advertisement -

Овие мотори играат клучна улога во функционалноста на роботот, олеснувајќи ја прецизната ротација и движење и му даваат моќ на роботот да ги движи екстремитетите. За да се постигне синхронизација на овие сложени компоненти, тимот набави 16-канална серво контролна плоча, како и низа основни хардверски материјали, од завртки и навртки до жици и батерии.

Извор – Bizlife

Сподели!
- Advertisement -