Европскиот парламент усвои закон за обновување на природата

- Advertisement -

Денеска Европскиот парламент усвои закон за обновување на природата. Тие ги послужаа гласовите на над милион граѓани, компании, научници и невладини организации и овозможија оваа единствена уредба да стане реалност.

Уредбата ги обврзува дравите-членки да ги обновуваат нарушените екосистеми, да придонесат за постигнување на целите на ЕУ на полето на климатските промени и биолошкиот диверзитет и да ја подобрат безбедноста на храната. Уредбата и налага обновување на 20% од зелените површини и другите живи екосистемит и да се осигура нивното враќање од лоша во добра состојба до 2030 година. Тој процент ќе се зголемува нредните години.

- Advertisement -

Бидејќи обновувањето на исушените водени површини е еден од финансиски најефикасните начини за намалување на емисијата од земјоделскиот сектор, државите членки мора да обноват барем 30% од нив до 2030 година, 40% до 2040 година и 50% до 2050 година. Тоа ќе биде добро и за земјоделците и за приватните сопственици на земјиштето.

Законот бара и подобрување на показателите во шумските екосистеми и садење на 3 милијарди дополнителни стебла.Државите-членки ќе мора да обноват барем 25.000 км реки и да ги претворат во нерегуларни водотеци и да се осигураат да не дојде до нето-губење на градските зелени површини и прекриеноста на градовите со крошни на стебла во вкупното национално подрачје.

- Advertisement -

Законот за обновување на природата е историска прилика овозможување на враќањето ан природата во Европа. Во време кога континентот е погоден од поплави, суши и пожари, овој закон ќе помогне да се гарантира посигурна и поздрава иднина за Европејците.

Законот го изгласаа со 329 гласови за, 275 гласови против и 24 воздржани.

- Advertisement -

(Vidi.hr)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -