ЕУ ја казни „Епл“ со 1,8 милијарда евра поради прекршување на правилата за стриминг на музика

- Advertisement -

Одлуката ја донесе Европската комисија, а следуваше по жалбата на шведскиот музички стриминг сервис „Спотифај“

Европската Унија ја казни технолошката компанија „Епл“ со 1,8 милијарда евра поради кршење на законите за конкуренција, јавија светските новински агенции.

- Advertisement -

Казната, како што пренесува Би-би-си, е поради спречување на „Спотифај“ и другите музички стриминг платформи да ги информираат корисниците за опциите за плаќање надвор од продавницата за апликации на „Епл“.

Одлуката ја донесе Европската комисија, а следуваше по жалбата на шведскиот музички стриминг сервис „Спотифај“ поради ова ограничување и надоместокот од 30 отсто што го плаќа кон „Епл“.

- Advertisement -

Надлежното тело за конкуренција на ЕУ рече дека „Епл“ ја злоупотребувала својата доминантна позиција на пазарот цела деценија, со тоа што ги ограничила програмерите да ги информираат корисниците за алтернативни и поевтини музички услуги достапни надвор од екосистемот на „Епл“.

ЕУ ѝ нареди на компанијата да ги отстрани сите ограничувања и да се воздржи од слични практики во иднина.

- Advertisement -

„Епл“ соопшти дека ќе се жали на одлуката, тврдејќи дека нема докази оти потрошувачите биле оштетени.

„Спотифај“ ја има најголемата апликација за стриминг на музика во светот, а во текот на истрагата се сретнала со Европската комисија повеќе од 65 пати.

Извор – Мета

Фото – PickPik

Сподели!
- Advertisement -