Во иднина ќе живееме во микро домови направени од бетонски цевки

- Advertisement -

Микро домувањето е тренд кој изминатата декада стана многу популарен. Еве уште еден иновативен проект за мирко домови. Креатор на проектот е компанијата James Law Cybertecture. Opod Tube House се микро домови направени од реупотребени бетонски цевки, а се дизајнирани за млади луѓе кои не можат да си ги дозволат високите цени на недвижностите во големите градови.

Inhabitat информира дека проектот неодамна беше претставен во Хонгконг. Минијатурните домови направени од бетонски цевки можат да соберат еден до двајца станари. Ентериерот е опремен со стандардни елементи, вклучувајќи дневна соба со клупа која се претвора во кревет, мини фрижидер, бања, туш и многу место за складирање облека и лични предмети.

- Advertisement -

Според архитектот кој стои зад дизајнот, Џејмс Ло, инспирацијата за дизајнот е практичност – и за младите кои бараат дом и за владите кои се трудат да понудат поевтини опции. Иако структурите тежат по 22 тона парче, лесно се инсталираат и се прицврестуваат една за друга.

Цевките лесно се ставаат една врз друга и може да се постават во мали неискористени простори во градовите. Архитектот замислува една иднина каде што ваквите цевки се поставени под мостови, во тесни улички итн. Концептот е одличен за секоја урбана средина.

Сподели!
- Advertisement -