Се одржа национален натпревар за финансиска писменост во Охрид

- Advertisement -

Доколку знаеме дека Македонија, заедно со Романија имаат најнизок коефициент (56%) на финансиска писменост на населението во Југоисточна Европа (57%), ве информираме дека проектот „Финансиска писменост за млади претприемачи“ ФИН ЈЕС, им даде финансиски компетенции на преку 140 млади (средношколци и студенти) од Македонија. Исто така, обучи и преку 20 едукатори, наставници, професори како да обучуваат млади лица за финансиска писменост преку користење на искуствени алатки. Со тоа придонесе да се зголеми финансиската писменост и тоа претежно на целни групи млади и млади кои живеат надвор од главниот град. 

За таа цел на 15.03.2024 година, во просториите на Универзитетот за Информатички Науки и Технологии Св. Апостол Павле – Охрид, се одржа завршната конференција од проектот „Финансиска писменост за млади претприемачи“ ФИН ЈЕС која ги промовираше резултатите и даде предлози за натамошно јакнење на финансиската писменост во Македонија.

- Advertisement -

Целта на проектот беше давање на основни финансиски вештини и знаења за водење и организирање на мал бизнис. Како иновативен производ од проектот се тестираа и се воведоа искуствени алатки и гемификација како наставни методи (борд гејм), како и организација на натпревар за финансиска писменост на државно ниво за младите од средните училишта и факултетите.

Преку нашите вклучени партнери од образованието (СОУ „Љупчо Сантов“ Кочани; Младинска секција на ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ Охрид; Универзитет за информатички науки и технологии „Св.Апостол Павле“ Охрид; Правен факултет при УКЛО – Битола; Економски факултет УГД – Штип; Факултет за земјоделски науки и храна при УКИМ – Скопје; СОУ Гимназија Јосип Броз Тито Битола; ДС Економнско Училиште „Јане Сандански“ Битола; ОСМУ Медицинско училиште „Др. Јован Калаузи“ Битола; Економски Факултет Прилеп; Американските Катчиња во Струга, Штип и Битола; Приватната Гимназија „САБА“ Штип; како и СОУ „Коле Нехтенин„ од Штип;) за нивните вработени овој проект ќе обезбеди и одржливост на наставните методи.

- Advertisement -

Вклучените професори искажаа дека овој начин на работа ги вклучува подеднакво сите ученици и им дава можност самите да истражуваат и заклучуваат, и дека им ја зголемува ефективноста на достава на научените теми. Исто така професорите изјавија дека користењето на алатките ќе го вметнат во секојдневното работење и дека натпреварот сакаат да прерасне во традиционален натпревар за финансиска писменост.

Проектот е кофинансиран од Американската амбасада во Скопје, а реализиран од ЦЕФЕ Македонија и нивните партнери и соработници. 

- Advertisement -

Тимот и учесниците на ФИН ЈЕС проектот, ги повикува креирачите на национални политики за јакнење на населението со компетенции за финансиска писменост, да се фокусираат на следните предлози:

  1. Развивање на клучните вештини за финансиска писменост преку  формалното образование. Теми: буџетирање, планирање и штедење, разбирање на каматите, инфлацијата,  диверзификацијата на ризикот, банкарски производи, разбирање на финансиски биланси и терминологија за водење на мал бизнис. Ова да се прави преку искуствено учење и методи, кое се покажа дека позитивно делува на развој на компетенциите кај младите за финансиска писменост.
  2. Политиките и мерките за јакнење на финансиската писменост да се   адаптирани за различни целни групи и нивните специфични потреби. Да се ​​прави разлика помеѓу одредени групи, како жени и постари лица, на кои ќе им треба подобро обезбедување на финансиска едукација и претприемачи, кои ќе бараат различни компетенции, за разлика од потрошувачите. Финансиското знаење на мигрантите и нивните семејства (приматели на дознаки) би требало да се зајакне во некои од земјите во регионот.
  3. Охрабрување и создавање на позитивна култура која ќе ги мотивира младите на долгорочно планирање и развивање на ставови за штедење заедно со претпазливо финансиско однесување за да се подобри финансиската отпорност и да се поддржат потрошувачите во исполнувањето на нивните долгорочни цели. (животно штедење, имотно прашање, инвестиција и развој на бизнис, духовно и професионално надоградување, итн…)

Препораки за едукатори и организации кои спроведуваат едукација за финансиска писменост:

  1. Користете нови и дигитални алатки за подобрување на финансиската писменост но и на дигиталните вештини кај населението,
  2. Користет методи на искуствено учење бидејќи на тој начин се адресираат сите аспекти на компетенциите за финансиска писменост,
  3. Мерете секогаш после обука или едукација какви ефекти се поситгнале и не се плашете да иновриате и да се подобрувате
  4. Објавете какви резултати постигнувате со вашите едукации за финансиска писменост до различни институции за да се подобри довербата и соработката меѓу различните сектори за заедно да работат на јакнење на финансиската писменост.
Сподели!
- Advertisement -