Германија казнува ако непрописно го фрлите лакот за нокти

- Advertisement -

Жителите на Германија се соочуваат со големи казни ако непрописно го фрлат лакот за нокти. Секој кој ќе го фрли лакот за нокти во ѓубре или во веце школка ќе биде казнет.

Лакот за нокти, кој многумина го сметаат за неизоставен дел од многу козметички рутини, сега може да стане неочекуван финансиски товар. Поради неодамнешните промени на правилата, повеќе не е дозволено непрописно да се фрла лакот за нокти. Наместо тоа, постојат високи казни за прекршителите.

- Advertisement -

Поради хемискиот состав на лакот за нокти тој се смета за деликатна материја. И покрај тоа што се користи за разубавување, лакот за нокти може да предизвика значајна штета на животната средина ако не се фрли на соодветен начин, наведуваат германските медкиуми.

Правилното фрлање на лакот за нокти сега стана уметност. Додека пластичното капаче оди во жолт отпад, стакленото шишенце може да оди во контејнер за отпадно стакло само откако целосно ќе се испразни.

- Advertisement -

Меѓутоа, вистинскиот проблем е лакот за нокти кој не е исушен. Во ниеден случај не смее да се фрла во отпад или во веце школка, затоа што им наштетува на водените организми. Дури и фабриките за прочистување на отпадни води многу тешко го разградуваат.

За тие што не се придржуваат до овие прописи следуваат казни од најмалку 35 евра.

- Advertisement -

(Bizlife)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -