Димков ја промовираше својата трета книга „Патување кон финансиска слобода“

- Advertisement -

Македонскиот автор Данчо Димков, вчеравечер пред македонската публика, ја промовираше својата трета книга „Патување кон финансиска слобода: Трансформирање на трговските вештини во финансиска независност“, како најпродавана книга на Амазон (Amazon Best selling Book).

Димков, исто така, е и најпродаван македонски автор на Амазон (Amazon Best Seller) кој својот професионален живот го посвети на постигнувањето лична слобода во финансиска смисла на зборот. Тој е сопственик на македонската фирма БизБи Солушнс (Bizbee solutions).

- Advertisement -

„Финансиската слобода може да ја постигне секој кој е спремен да инвестира во себеси, да преземе ризик и да изгради сопствен бизнис со стабилна основа. Без разлика дали почнувате како „фриленсер” или сте амбициозен претприемач, оваа книга би можела да гo посочи правилниот патоказ кон финансиска независност. Иако содржината на книгата звучи привлечна, нејзината приказна навистина би можела да стане ваша основна стратегија“, кратко порачува Димков на своите читатели.

Според него, станува збор за лично патување кое почнува со развивање на едноставна вештина за која другите ви плаќаат се до изградба на голем бизнис кој не само што ќе обезбеди финансиска стабилност, туку и слобода. „Ако сакате да научите за успесите, но и падовите во светот на претприемништвото, предизвиците во започнување бизнис и триумфалните моменти на негово успешно реализирање, прочитајте ја оваа книга. Откријте ги стратегиите за подобрување на вашите вештини, за проширување на вашиот бизнис и секако, за пронаоѓање на вистинскиот пат кон финансиска слобода“, вели Димков.

- Advertisement -

На промоцијата, која се одржа во кафе барот Среќа во Скопје, свое видување за книгата сподели и Игор Мишевски, еден од бета – рецензентите на книгата на Димков. „Со Данчо делиме иста страст на остварување на лична финансиска независност. Тој навистина ме инспирираше со својата книга бидејќи неговата приказна за премин од фриленсер до успешен бизнисмен многу се поклопува и со мојата кариерна приказна. Слично како него и јас сум минувал низ овие фази – од фриленсер до ко-основач на компании и ангел инвеститор. Деловите каде зборува за финансиска независност и изградба на стабилен бизнис се одразуваат и на моите искуства. И неговиот пат и мојот пат се доказ дека со посветеност и упорност, може да се стигне далеку и дека секој може своето привремено вработување да го претвори во успешен бизнис“, рече Мишевски, претприемач и инвеститор, специјализиран за развој на пазарни системи и развој на нови бизниси и стартапи.


Книгата на Димков “Патување кон финансиска слобода”, несомнено води на едно интересно патување, почнувајќи со начинот на кој може да ги развиете своите вештини до постигнување на претприемнички успех и финансиска независност. Покрај тоа што оваа книга е исполнета со приказни и искуства од личниот живот на авторот, таа исто така нуди совети за безброј активности и преземање акции, кои секој кој бара финансиска слобода може да ги примени за да го проследи неговиот пат и да тргне по неговите стапки.

- Advertisement -


Димков во својата книга го истакнува значењето на пронаоѓање и развивање на потребните вештини за кои многу луѓе би платиле, усовршувајќи ги преку „фриленсање” и зголемување на сопствениот опит. Сепак, Димков ја продолжува дискусијата за претприемничкото искуство, нагласувајќи ги неизбежните флуктуации во самиот почеток и понатамошното проширување на еден бизнис. Она што ја одделува оваа книга од останатите е елементот на комбинирање личен наратив со практични стратегии. Насоките кои ги изнесува Димков во неговата книга, не го опфаќаат само делокругот на „старт ап” или самата иницијатива и креирање бизнис, туку и неговото градење и проширување во иднина. Воведувањето во создавање консултантски рамки и дигитални решенија се неопходни алатки за постигнување финансиска независност во денешниот свет.


Авторот на книгата е сериски претприемач и основач на БизБи Солушнс. Сега делумно пензиониран, тој е на мисија да помогне на другите претприемачи да ја постигнат својата финансиска слобода. Дознајте повеќе на www.DanchoDimkov.com

Изјава на холивудскиот глумец Мајкл Џон Волф за книгата Патување кон финансиска слобода:

Книгата Патување кон финансиска слобода исто така е рангирана за најдобра книга за финансиска слобода за 2024 година на следниот лин.

Сподели!
- Advertisement -