Oд 18 до 20 април Скопје ќе биде центар на светската имплантологија

- Advertisement -

ПРВИОТ МЕЃУНАРОДНО АКРЕДИТИРАН ИМПЛАНТОЛОШКИ КОНГРЕС ЌЕ СЕ ОДРЖИ ВО МАКЕДОНСКАТА МЕТРОПОЛА, СО ВРВНИ УЧЕСНИЦИ ОД ЧЕТИРИ КОНТИНЕНТИ: ОТВОРЕН ПОВИК ЗА СТОМАТОЛОЗИ СПЕЦИЈАЛИЗАНТИ

На првиот меѓународно акредитиран имплантолошки Конгрес кој ќе се одржи во Скопје учество ќе земат врвни стоматолози, орални и максилофацијални хирурзи од Европа, Америка, Азија и Африка. Конгресот предвидува теоретски, практичен дел и презентирање на напредна хирушка техника во делот на имплантологијата. Токму поради важноста на едукативната компонента која ќе ја има овој Конгрес, организаторите Schuetz Dental GmbH од Германија, Велидент Трејд и IMPLA Study Club од Македонија ќе отстапат едно место за стоматолог специјализант кој ќе се пријави на отворениот повик најдоцна до 10 април. Пријавувањето е едноставно со испраќање на име и презиме, а извлекувањето ќе биде по случаен избор. 

- Advertisement -

Од 18 до 20 април, во хотел Хилтон, Скопје ќе се одржи првиот меѓународно акредитиран имплантолошки конгрес. “За прв пат учесниците на конгресот ќе добијат CME европски кредит поени и меѓународно акредитиран сертификат. Претендираме Македонија да биде во тек со глобалните случувања во сферата на имплантологијата и да остане на мапата како релевантна имплантолошка дестинација”, вели организаторот Татјана Велиновска Димовска.

Дигитализација во стоматологијата, нови трендови во имплантологијата и примена на комплексни хируршки техники се само дел од темите кои ќе ги покрие овој Конгрес. Како предавачи се јавуваат професори имплантолози од Германија, Италија, Романија, Египет, Јордан и САД, а до нив рамо до рамо се и нашите орални и максилофацијални хирурзи: Д-р. Митко Франгов, Д-р. Златко Вршковски, Д-р. Недим Касами, Д-р. Петар Вршковски како и Д-р. Диана Бојковска која што ќе биде директно инволвирана во презентирањето на напредната хируршка техника заедно со Проф. Д-р МазенТамими од САД.

Сподели!
- Advertisement -