Германија мора да ја поттикне одржливата мобилност, вклучувајќи и издвојување на милијарда ерва годишно за велосипедска инфраструктура, процени главното сообраќајно здружение.
„Потребни ни се еднакви предуслови за сите превозни средства на улиците“ се вели во документот кој здружението го претстави во Берлин.
Германската велосипедска инфраструктура, велат тие треба да биде поатрактивна и побезбедна. Синдикатот бара и гаранции за мобилност. Тоа значи дека минималниот стандард и законското право на услуги за мобилност треба да бидат утврдени во целата земја.
Здружението со посебна студија укажа на економското значење на секторот кој го вклучува јавниот превоз, железницата, велосипедската инфраструктура, такси возилата и компаниите за споделување превоз, модел во кој поединци ги изнајмуваат своите автомобили на кратко време.
Секторот вработува околу 1,7 милиони луѓе и создава дополнителна вредност од 118 милијарди евра. Тоа е околу 3,3% од БДП во Германија, велат авторите на студијата од консултантската компанија Conoscope.
(SEEBiz.eu)
(фото: PickPik)