ММФ очекува глобален економски раст од 3,2% годинава

- Advertisement -

Меѓународниот монетарен фонд во вторникот ја подигна прогнозата за раст ан светската економија во текот на годинава, со силен раст на активностите во САД и во Кина и стагнација во еврозоната под притисок на подгинатите трошоци за задолжување.

ММФ за годинавапрогнозира раст на светската економија од 3,2%, што е 0,1 процентен бод повеќе од очекувањата во февруари годинава, а со исто темпо треба да расте и во 2025 година.

- Advertisement -

Симските прогнози на Фондот ги опфаќаат само најголемите економии и групи економии. За споредба, просечниот раст на светската економија во периодот од 2000 до 2019 година изнесувал 3,8%.

„Растот на светската економија го достигна дното на крајот ан 2022 година и падна за 2,3%. Според нашите најнови проекции за светската економија, растот годинава и идната година ќе соатане стабилен на 3,2%”, велат од ММФ.

- Advertisement -

Најголем дел од поакзателите и понатаму сигнализираат благо забавување на растот и додаваат дека предвидуваат помалку проблеми во економијата после кризата од изминатите четири години, но сепак ќе има разлики од земја до земја.

Според проценките на ММФ, глобалната трговија со стока и услуги требадапорасне за 3% во 2024 и за 3,3% во 2025 година, што е нешто послабо во споредба со извештајот од февруари годинава. Најмногу ја подобрија прогнозата за американската економија и за неа предвидуваат раст од 2,7% во 2024 година, а во 2025 ќе има забавување на 1,9%.

- Advertisement -

Економијата на еврозоната годинава требада порасне за 0,8%, а во 2025 година растот ќе забрза на 1,5%.Меѓу големите економии во светот годинава најголем раст очекуваат во Индија – дури 6,8%. Кинескиот БДП годинава треба да порасне за 4,6%, а руската економија треба да порасне за 3,2% годинава.

(Poslovni Dnevnik)

(фото: Public Domain Pictures)

Сподели!
- Advertisement -