Еве каде најбогатите 0,001% ги инвестираат своите пари

- Advertisement -

Ултра богатите со сите пари што ги имаат живеат поинаку од остатокот од светот, па и нивните стратегии за инвестирање се значително поинакви од портфолијата на просечните инвеститори.

„Иако не постои официјалн праг за да влезеш во клубот на 0,0001% најбогати луѓево светот, центимилионерите или поединците со нето-вредност од над 100 милиони долари се доволно богати за да бидат дел од тој клуб“ велат од компанијата VRISE Wealth Management Singapur, која управува со богатството на ултрабогатите луѓе со висока нето-вредност.

- Advertisement -

Глобално, популацијата на центимилионери изнесува околу 28.420 поединци и генерално се концетрирани во Њујорк, областа на заливот, Лос Анџелес, Лондон и Пекинг, покажуваат податоците на VRISE. Тие градови имаат силна финансиска инфраструктура, живи претприемнички екосистеми и приходни пазари на недвижност, па затоа се атрактивни дестинации за ултрабогатите.

А оваа демографија е селективна кога станува збор за инвестициите. Тие денес не инвестираат во уште поголемо збогатување, во брзи работи или неликвидни работи. Тоа значи дека не работат со акции со кои се тргува јавно. Всушност, тие не инвестираат ниту во криптовалути.

- Advertisement -

Како резултат на тоа, портфолиото на центимилионерите содржи многу силни, стабилни недвижност. Овие богати поединци гравитираат кон недвижности од класа А или имоти од инвестициско ниво кое вообичаено се изградени во последните 15 години. Од Tiger 21, мрежата на претприемачи и инвеститори со исклучително високи нето вредности, велат дека инвестициите и недвижностите вообичаено се 27% од портофилиото на овие поединци.

Таквите богаташи вообичаено имаат пари со кои управуваат семејни канцеларии, кои ушравуваат со се, вклучувајќи го и нивното наследство, кредитните картички, непосредните трошоци за домаќинство итн, велат од глобалната известувачка компанија за богатство New World Wealth.

- Advertisement -

Тие семејни канцеларии често имаат фондации за добротворни организации и ограноци кои за ризичен капитал кои инвестираат во стартапи со висок раст. Бројот на семејни канцеларии во светот се триплирал од 2019 година досега и минатата година надминал 4.500, со вкупен имот од 6 трилиони долари.

Поединците со ултра високо богатство често истражуваат потенцијално купување професионални спортски тимови. Многу мала група од нив можатда влезат во клубови и за тоа е потребно многу повеќе од пари. Ексклузивноста е главна привлечност, затоа што овие богати поединци сакаат да се дружат со луѓе од сличен статус. Поседувањето удел во спортски тим е начин тие поединци да го легитимираат својот статус.

Од VRISE додаваат дека 0,001% најбогати луѓе обрнуваат повеќе внимание на фиксните приходи, приватните кредити и алтернативните инвестиции. Приватните кредити добиваат на сила затоа што инвеститорите бараат извори на приходи надвор од конвенционалните пазари.

Овој тренд го отсликува растечкиот аптетит за нетрадиционален имот, кој нуди единствени профили на ризик и приноси.

(Bizlife)

(фото: Deviant Art)

Сподели!
- Advertisement -