ВИДЕО: Супер подморница за милијардери – останува под вода и цел месец

- Advertisement -

Последните години во светот на милијардерите во тренд се подрумите, односно проширување на подземните простории, каде што можат да се опуштат и да се „шират“. Сега една австриска компаника сака оваа идеја да ја прошири на јахтите, па метри под површината на океаните и морињата и да остане таму дури цел месец.

Компанијата Migaloo ги откри своите амбициозни планови за она што ќе биде една и единствена приватна подводна сдуперјахта во светот. Подморницата се вика M5, би имала 165,8 метри во должина и 23 метри во ширина на најшироката точка, со досег од околу 15.000 км и брзина до 20 јазли кога е на површина, односно 12 čvorјазли кога е под вода.

- Advertisement -

Меѓутоа, од Migaloo велат дека димензиите на подморницата, надворешниот стил и дизајнот ќе се прават по желба на корисниците.

Како вистинска играчка за милијардери, подморницата ќе има хелиодром, базени и спа центри, кино, теретана, простор за забави со диџеј кабинаа, како и многу простор за одмор и за вечера. Опционално може да има балон на топол воздух и подмодна станица за хранење ајкули.

- Advertisement -

Постојат и додатоци, па до 12 гости може да уживаат во повеќе лудории на вода со помали подморници. Безбедносните системи ќе ги обезбеди американскиот партнер SAFE, кој ветува заштита повисока од воена класа.

А која е цената на овој луксуз?Па, не постои одредена цена за проектот затоа што има толку многу опционални додатоци, но почетната цена за Migaloo M5 е околу 2 милијарди долари.

- Advertisement -

(N1)

(Migaloo)

Сподели!
- Advertisement -