Шпански научници ја открија можната тајна за забавување на стареењето

- Advertisement -

Нови научни истражувања фрлаат светло на комплицираниот однос меѓу нашите внатрешни часовници, разјаснувајќи како тие управуваат со функцијата на ткивата и стареењето. Едно истражување ја истражува врската меѓу централниот циркадијален часовник, со кој управува супрахизматското јадро и периферните внатрешни часовници по телото.

Одржувањето на комуникацијата меѓу централниот и периферните внатрешни часовници го осигурува правилното функционирање на битните процеси како што се поправањето на ДНК, метаболизмот и регулацијата на клеточниот циклус. Биологот ПураМуњоз Кановес од Универзитетот Помпео Фабра од Шпанија ја нагласува важноста на оваа интеракција.

- Advertisement -

Нашата студија открива дека минималната интеракција меѓу само два часовници, едниот централен и другиот периферен, е потребна за да се одржи оптимално функционирање на ткивата, како што се мускулите и кожата, и за да се избеге нивното пропаѓање и стареење“ појаснува Муњоз Кановес.

Две комплементарни студии, објавени истовремено, ги истражуваат последиците од тие откритија. Едната, објавена во списанието Science, покажуваат експерименти со глувци за тоа како повторното воспоставување на координацијата меѓу мозочните и мускулните часовници штити од трошење на мускулите и губење на снагата. Другата студија, објавена во списанието Cell Stem Cell, го испитува циркадијалниот часовник во кожата на мускулите, рајаснувајќи го неговото потпирање на централниот часовник за правилна работа.

- Advertisement -

Додека периферните часовници покажуваат одредена автономија, тие се потпираат на централниот внатрешен часовник за синхронизација. Ограничувањето на времето за хранење им помага на периферните часовници во самостојното управување со основните функции на ткивата.

Фасцинантно е да се види како синхронизацијата меѓу мозокот и периферните циркадиски часовници игра клучна улога во здравјето на кожата и мускулите, додека самите периферни часовници се автономни во вршењето на најосновните функции на ткивата, вели Азнар Бенита од шпанскиот Институт за истражувања во биомедицината.

- Advertisement -

Наведените откритија ја нагласуваат виталната функција на циркадијалните ритми во биолошките процеси,нагласувајќи ја нивната важност за целокупното здравје. Пореметувањето на тие ритми, било поради патување со авион или ноќни смени, може да доведе до сериозни последици по здравјето. И покрај неизбежното трошење на мускулите, кожата и централниот нервен систем со годините, научнициите веруваат дека нивната работа ветува одржување на физичката пособност подоцна во животот.

Следниот чекор е идентификација на сигналните фактори во таа интеракција, имајќи ја на ум потенцијалната терапевтска примена, вели Муњоз Кановес за идната фаза од научните истражувања.

(Science Alert)

(фото: Pexels)

Сподели!
- Advertisement -