Изминатиов викенд од 26ти до 28ми април се одржа второто издание на Стартап Викендот Охрид, кое запчна во петок попладне и траеше до недела вечер. Стартап Македонија во соработка со универзитетот за информатика “Св. Апостол Павле” беа организатори на овој настан, најголем од ваков тип во државата.
На почетокот на настанот, односно во петокот беа презентирани околу 20 идеи од страна на младите професионалци пред менторите и останатите учесници на настанот. Се гласаше за подобрите идеи, едни идеи продолжија понатаму и се работеше на изнапѓање на нивно бизнис решение, додека пак остатнатите ќе почекаат следна прилика. Десет тима работеа на исто толку идеи во следните два дена.
Првото место на Стартап Викенд Охрид го освои тимот Tail, составен од Кирил Младеновски, Петар Прентовиќ и Андреј Ангеловски кои развоваа бизнис решение за сите оние кои што имаат домашно милениче и им е потребна асистенција околу негувањето на истото.
Второто место го освои тимот на Strela,составен од Марија Миноска, Андреј Богатиноски, Сергеј Богатиноски и Анастасија Попоска, развиваа решение кое што им помага на малите бизниси и крајните потрошувачи во процесот на испорака на пратки. Strela би била компанија помеѓу поштата и продавачот, нудејќи им поевтини цени, броеви за следење и поедноставно доставувачко искуство.
Третото место замина во рацете на тимот Thrifty, составен од Един Хасангиќ, Стефан Анџеловиќ, Андреј Гавриловиќ, Виктор Китанов, Аниса Плакај и Мустафа Севим кои развиваат онлајн маркет за second-hand облека за бебиња и деца.
Некои победија, некои најдоа нови работни места, а други пак создадоа нови конекции. Но, едно е сигурно: Сите добија нешто плус во своите професионални кариери.