Се проценува дека ширум светот дури 80 милиони луѓе боледуваат од глауком, односно очни болести кои се карактеризираат со висок очен притисок, кој доведува до неповратно оштетување на видот. Токму фактот дека високиот очен притисок толку разорно влијаер на здравото око, а притоа нема карактеристични симптоми додека не биде доцна, ги поттикна научниците да бараат начини за што порано откривањр на тие промени во очите.
Така, сега некои од нив создадоа револуционерни паметни контактни леќи кои моат безжично да го следат очниот притисок во реално време и да алармираат во случај да се зголеми.
Во студијата, објавена во списанието ACS Applied Materials & Interfaces, појаснија дека леќите го содржат двократниот резонантен систем LCR, кој ја зголемува прецизноста ма следењето на квантитативниот интраокуларен притисок, кој е витален показател на здравјето на окото. Овој напредок во технологијата за леќи може да ги подобри дијагнозите и лекувањето на разни очни болести, со што се намалува ризикот од оштетување на видот поврзано со болести како глауком, но и да овозможи навремена реакција за да се намали оштетувањето.
Докторите традиционално го мерат очниот притисок со анестезирање на окото и користење сонда на самата јаболчница. Но, тоа значи дека олниот притисок се мери само во тој момент и не може да се следи флуктуацијата во текот на денот, која може да зависи од телесното напрегање или од температурата во околината.
Паметните леќи овозможуваат постојано следење на очниот притисок и не се осетливи на променуите во температурата. Сензорите кои се наоѓаат во леќите се доволно осетливи за да детектираат промени во притисокот, но и доволно издржливи за да го преживеат движењето на кото, излоѓеноста на влага и секојдневното трошење.
(Zimo)
(фото: Good Fon)