Pazar3.mk со нови Android и iOS мобилни aпликации

- Advertisement -

Веќе 18 години Pazar3.mk е синоним за онлајн купопродажба, место каде што секој
го пронаоѓа посакуваниот нов дом или каде што се стигнува до новиот автомобил од
соништата. Pazar3 е повеќе од веб сајт за огласување. Тоа е место каде што стотици
илјади луѓе го пронашле посакуваниот предмет во изминатите години или продале нешто што не им било потребно.

Главниот приоритет секогаш бил задоволството на корисниците и обезбедување на
квалитетни услуги. Со таа цел лансирани се нови ажурирани верзии на Pazar3 Android и Pazar3 iOS апликациите. На брз, лесен и едноставен начин корисниците можат да го
пронајдат посакуваниот предмет пребарувајќи низ 550 000+ активни огласи со
селектирање на соодветна локација, категорија или клучен збор.

- Advertisement -

Што е ново?
● Дизајнот е доста унапреден со тоа што сите огласи се достапни со подобар
визуелен приказ, филтрите за пребарување се поедноставни и секој може да го
пронајде посакуваниот предмет многу лесно.
● Регистрирањето на нов оглас сега е доста побрзо само со пополнување на
неколку потребни полиња како име, контакт информации и сл.
● Доколку имате профил на Pazar3.mk, Ви следуваат супер поволности како бонуси
за прва регистрација на оглас, користење на карго услугата на наједноставен
начин, зачувување на посакувани огласи и добивање на известување на нови
огласи од зачувани пребарувања, chat комуникација со заинтересираните клиенти
и многу други поволности.
● Доколку корисниците немаат профил, можат да се регистрираат на веб сајтот со
креирање на Pazar3 сметка.

Доколку сте сопственици на компанија и сајтот го користите како бизнис корисник,
имате многу добри попусти за огласување, полесно менаџирање, дедицирана корисничка поддршка, бонуси и многу други поволности.

- Advertisement -

Во продолжение ви претставуваме неколку причини зошто да користите мобилна
апликација на Pazar3.mk?
● Брза продажба: Со едноставни чекори за регистрирање на нов оглас, внесување
на контакт информации, прикачување на слики со добар квалитет ќе добиете брзо
објавување на огласот и секако брза продажба. Едноставниот кориснички
интерфејс на апликацијата го олеснува процесот на регистрација и прикажувањето
на огласите. Користењето на екстра опциите за брза продажба исто така ќе Ви
овозможи Вашиот оглас да биде промовиран пред голем број на корисници.
● Голем избор на производи: Без разлика дали сте во потрага на мобилни
телефони, гарнитура, нова облека, нов стан или нов автомобил Pazar3.mk е
вистинското место каде што ќе пронајдете тоа што Ви треба.
● Купување од локални продавачи: Pazar3.mk Ви помага да се поврзите со
локалните продавачи и да им кажете збогум на трошоците за испорака од
странство и давачките за царини и достава.
● Безбедноста на прво место: Со Pazar3.mk добивате сигурност и безбедно шопинг
искуство. Тимот за корисничка поддршка ги проверува огласите и огласувачите и
шансите за несериозни огласи се сведува на минимум.

Симнете ја Pazar3 мобилната апликација сега и придружете им се на стотици
илјади корисници кои веќе уживаат во придобивките кои ги нудат Pazar3 Android и Pazar3 iOs апликациите.

Сподели!
- Advertisement -