Tiktok се повеќе сака да биде како Youtube, а моментално тестира објавување видеа со должина од 60 минути. Оваа можност моментално е достапна за ограничена група корисници на избрани пазари.
Иако нема планови оваа нова опција да биде достапна за пошироката популација, идејата сепак е јасна. Содржините со подолга форма на TikТok може да привлечат некои корисници кои моментално редовно го користат Youtube, покрај својата вообичаена публика, која бара видеа со кратка форма.
На почеток TikТok имаше ограничување на траење на видеата од од 15 минути, баш како што некогаш беше случај со YouТube, но тоа се зголеми со тек на време. TikТok често слуша од своите креатори дека сакаат повеќе време за демонстрација на готвење, совети за убавина, едукативни часови, комични скечеви и сл. Затоа платформата сака да одговори позитивно на нивните барања.
Целта на продолжувањето на траењето на видеата е на креаторите да им се даде прилика за експериментирање со нови или проширени видови на содржини, кои инако не би биле возможни или би било незгодно за гледање доколку мора да гледаат повеќе видеа.
TikТok тестира и хоризонтален full screen начин на гледање.
(021)
(фото: Flickr)