Македонски тимови освоија прво и второ место на Глобалната спортска роботска олимпијада

- Advertisement -

Во конкуренција со 1450 тимови од 36 земји, тимовите на Space Walkers и Space Walkers Jr. достигнаа неверојатен успех на натпреварот кој се одржа во Крит, Грција

Млади ентузијасти за роботика се натпреваруваа на Глобалната спортска роботска олимпијада, каде два тима од скопската организација СТЕМ Академија достигнаа неверојатен успех. Во конкуренција со 1450 тимови од 36 земји, македонските тимови Space Walkers и Space Walkers Jr., составени од млади од 13 до 18 години, освоија прво и второ место во престижната категорија „Пентатлон арена“.

- Advertisement -

Натпреварот се одржа во Крит, Грција, од 26 до 29 април. Во категоријата во која се натпреваруваа двата тима, „Пентатлон арена“, се бараше од тимовите да дизајнираат и програмираат самонаведувачки роботи, кои требале да завршат најмалку пет сложени мисии на специјализирано роботско поле.

Тимот Space Walkers освои најмногу поени од сите тимови, додека Space Walkers Jr. доби и награда за Иновативен проект, со што се истакнаа и комуникативните способности на тимот при претставувањето на својот проект.

- Advertisement -

„Перформансите на тимовите на СТЕМ Академија се гордост не само за нас, туку нивниот успех ги истакнува талентот и потенцијалот на македонската младина. Воедно ја покажува и апсолутната посветеност на академијата, во поттикнување на критичко размислување, решавање проблеми, иновациите и зголемување на нашата видливост на глобалната сцена, со човечките потенцијали кои ги имаме“, вели Жарко Поп-Илиев, извршен директор на СТЕМ Академија.

Младите посветено се подготвувале за настанот од ноември 2023 година, под стручно водство на искусни тренери од СТЕМ Академијата. Претходно, СТЕМ Академија се прославила со победи на натпревари Целје, Атина и Либа.

Сподели!
- Advertisement -