Јапонскиот производител на пијалаци Kirin Holdings лансира електрифицирана лажица за која тврдат дека промовира поздрава исхрана за подобрување на солените вкусови без додавање сол.
Лансирањето на производот е првата комерцијализација на технологија која ја освои минатогодишната сатирична Ig Нобелова награда за необична наука.
Kirin ќе продаде само 200 такви електрични лажици и тоа по цена од околу 117 евра и тоа на интернет и во некоја јапонска продавница во текот на јуни, ко се надеваат дека ќе продадат милион примероци ширум светот за пет години. Продажбата во странство почнува идната година.
Лажицата е направена во соработка со професорот Хомеи Мијашита од Универзитетот Меиџи, кој претходно покажа како електричните стапчиња за јадење можат да го подобрат вкусот, во овој случај чувството за солено.
Оваа технологија е особено битна за Јапонија, каде што секој возрасен дневно консумира 10 грама сол,што е дупло повеќе од препораките од Светската здравствена организација. Прекумерната консумација на сол се поврзува со високиот крвен притисок, мозочни удари и други болести.
(Bizlife)
(фото: Needpix)