Британската инвестиција во Северна Македонија, Salience Consulting, прави дополнителна инвестиција од 2 милиони евра во Скопје за проширување на тимот и купување на поголема канцеларија.
Salience Consulting најави проширување на консултантскиот тим во Скопје и преселување во поголема канцеларија во центарот на главниот град, која е во сопственост на компанијата. Salience обезбедува дигитални и ИКТ консултантски услуги во Европа, Блискиот Исток, Африка и Централна Азија.
Salience нуди регулаторни, финансиски и технички консултантски услуги и има пан-регионални клиенти како Светска банка, IFC и EBRD. Salience исто така има клучни клиенти во Африка, вклучувајќи ADB, COMESA, ECOWAS и Smart Africa, како и советување за најголемите мегапроекти во Саудиска Арабија, како што се NEOM, Rua Al Medina и Qiddiya.
По повод отворањето на новата канцеларија, Salience Consulting одржа прием во четвртокот на 16 мај, на кој присуствуваа некои од меѓународните и локалните партнери, претставници од Британската амбасада, како и колеги посетители од другите канцеларии.
„Ние продолжуваме со нашата мисија да ги трансформираме земјите и заедниците преку дигитални и ИКТ технологии. Проширувањето на тимот во Северна Македонија од 2017 година е значаен дел од тој пат. Се надеваме дека ќе продолжиме да инвестираме во оваа земја и ќе обезбедиме можност за младите локални таленти да работат на предизвикувачки проекти во земјите во развој“ – изјави Иван Скендероски, партнер-менаџер и извршен директор, кој е со потекло од Северна Македонија.
„Salience е одличен пример за успешна британска инвестиција во Северна Македонија. Ние напредуваме благодарение на знаењето и способностите што ги носи нашиот тим. Тоа е олицетворение на нашата желба да видиме како нашите лични успеси придонесуваат за колективниот успех на нашата компанија.“ – изјави Грем Лоутер, партнер-менаџер и претседател.
„Северна Македонија е фантастична земја, и возбудливо е да се сведочи на проширувањето на британските компании овде. Нашата цел како Амбасада е да промовираме транспарентност, иновации, партнерства и креација, што исто така се основни вредности на Salience Consulting. Поголеми можности за вработување и обезбедувањето на нови работни места се клучни за младите луѓе да напредуваат и да се спречи одливот на луѓе од земјата. “ – изјави Џулија Смит, заменик-шеф на мисијата на Британската амбасада.
Настанот беше спонзориран од Smidgin Gin, исто така британска инвестиција во земјата. Salience има цел да го удвои бројот на вработени во Скопје во рок од една година и ќе продолжи да инвестира во објекти и луѓе за да го овозможи растот на компанијата.