Оваа сабота 8 јуни, со почеток од 12:00 часот во Центарот за иновации и дизајн „Јавна соба“, по четврти пат ќе се одржи Саемот за размена на креативни искуства и размисли насловен како: „Добро Утро Креативци“
Настанот е во организација на Скала, Школа за дизајн и технологија и „Скала Магазин“ – прва дигитална платформа за дизајн и современа уметност, отворена за промоција на млади креативци и студенти во Скала со цел нивно поврзување со индустријата и поддржување на културните настани и сцена.
„Целта на овој настан е на едно место да се соберат и претстават актуелните случувања во креативните индустрии, уметноста, дизајнот, технологијата, културата и образованието. Програмата оваа година вклучува базар со над 13 изложувачи, студенти на Скала со нивни: дизајни, фотографии и ракотворби, 8 бесплатни работилници од областа на маркетинг, дизајн, технологија и кариера како и панел дискусија на тема: Пораснав и што сега? Како да започнеш кариера (?)“- велат организаторите.
Настанот е наменет за сите љубители новите трендови во дизајнот, технологијата, светот на маркетинг и комуникации, кои сакаат да стекнат нови вештини, но и размислуваат за следните чекори во нивната кариера.
Агендата на настанот е поделена во три сегменти:
12:00ч – 17:00ч- Базар // Дизајн + Уметност!
Учесници: Анастасија Стевковска, Дона Димов, Крсто Глигорјадис, Катерина Симјаноска, Милена Петковска, Моника Стојковска, Огнен Анчевски, Стефани Стојановска, Стефан Божиновски, Стефан Ничевски, Трајче Стојанов,Наташа Латиновска и Нела Стојанова.
12:00ч – 17:00ч – Работилници // Маркетинг + Дизајн + Технологија + Кариера!
БЛОК I во терминот 14:30ч – 16:30ч
⌁ МАРКЕТИНГ: AI tools во маркетинг / Владимир Ристевски
⌁ КАРИЕРА: Оптимизирај го твојот Linkedin профил / Елена Костовска
⌁ ВЕБ ДИЗАЈН: UX/UI for dummies / Андреј Стамевски
⌁ ГРАФИЧКИ ДИЗАЈН: Илустрација и визуелна метафора /
Андреј Павлов
БЛОК II во терминот 12:00ч – 14:00ч
⌁ КАРИЕРА: Од идеја до старт-ап (Lean Canvas Model) / Крсто Златков
⌁ ТЕХНОЛОГИЈА: 3D Печатење / Јелена Џокиќ
⌁ ФОТОГРАФИЈА: Автопортрет, самослик, селфи / Драги Неделчевски
⌁ МОДА: Редизајн и поправка на облека / Катерина Тошева + Андријана Павловски
Работилниците се бесплатни, а бројот на учесници ограничен. Регистрацијата е задолжителна и истата може да ја направите на следниот линк: https://skala.edu.mk/prijava-za-rabotilnica-dobro-utro…/
17:00ч – 19:00ч – Панел дискусија: Пораснав и што сега?
Дискусијата во својот фокус ќе ги има клучните прашања: Што по факултет или академија (?) Како да започнеш кариера (?) Како да се вработиш или основаш компанија (?)
Говорниците на панелот се од четири различни гранки во индустријата, со различни кариерни патишта. Нивното работни портофлио е богато со различни искуства кои се вредни да се споделат и слушнат.
Говорници:
⌁ Андреј Павлов / Графички дизајнер / DIVISION – маркетинг агенција
⌁ Бојан Матејин / Video Content Creator / PUBLICIS – маркетинг агенција
⌁ Бинаса Дрндар / HR Business Partner / INSCALE- IT компанија
⌁ Мирјана Јосифовска / Моден дизајнер / Мирјана Јосифовска – моден бренд
Модератор:
⌁ Дејан Џолев – Основач и CEO на „Скала“, Школа за дизајн и технологија; Ко-основач и Главен уредник на „Скала магазин“, платформа за дизајн и визуелни уметности; Визуелен артист, Филмски режисер и Едукатор.
Доколку сакате да бидете дел од оваа дискусија вашето учество може да го пријавите на следниот линк: https://skala.edu.mk/prijava-za-panel-diskusija-dobro…/
Повеќе информации за овој може да прочитате тука.