Oвој 3Д принтер “гради“ преубави куќи од дрво

- Advertisement -

3Д печатењето би можело да го реши недостигот на куќи во американската сојузна држава Мејн, каде до 2030 година ќе биде неопходно да се изградат 80 илјади нови.

Благодарение на 3Д принтери, уреди кои создаваат тродимензионални објекти од дигитални модели, досега се изградени десетици домови, од Вирџинија до Мексико. Најголемата населба на 3Д печатени куќи во светот е во изградба во Тексас, недалеку од Остин.

- Advertisement -

Имено, 3Д печатењето би можело да го реши недостигот на куќи во американската сојузна држава Мејн, каде до 2030 година ќе биде неопходно да се изградат 80 илјади нови, пишува CNN.

Луѓето не можат да најдат домови, тие се многу скапи. Исто така, имаме сè постареење на населението. Има се помалку електричари, водоводџии или градежници“, рече Хабиб Дагер, извршен директор на Центарот за напредни структури и композити на Универзитетот во Мејн (ASCC).

- Advertisement -

Затоа минатиот месец ASCC го претстави, како што тврдат, најголемиот полимерен 3D печатач во светот. Станува збор за таканаречената „Фабрика на иднината 1.0“, која Дагер ја препознава како клуч за решавање на станбената криза во таа американска држава, но и како револуција во областа на тродимензионалното печатење на куќи.

Минатата година, непрофитната организација Team4UA во воено разурната Украина отпечати цело основно училиште со четири училници за учениците од Лавов, а во 2019 година во Дубаи беше завршена најголемата 3Д печатена зграда во светот, што му донесе место во Гинисовата книга на рекорди.

- Advertisement -

Инаку, главниот град на Обединетите Арапски Емирати има за цел да изгради 25 проценти од новите згради до 2030 година со технологија за 3D печатење.

Повеќето актуелни изведувачи користат бетон за 3D печатење згради, но џиновскиот 3D печатач на ASCC е „менувач на играта“ бидејќи, заедно со неговиот претходник, кој пред пет години беше крунисан за „најголем прототип полимерен 3D печатач“, тој е единствениот што гради куќи од остатоци од дрво, вели Дагер.

Кон крајот на 2022 година, Универзитетот во Мејн го откри „BioHome3D“, станбена единица од 56 квадратни метри за која тврдат дека е првиот целосно природен 3D-печатен дом во светот, изграден од локални дрвени влакна и материјали од био-смола.

Извор – Пословни дневник

Сподели!
- Advertisement -