Топ 10 земји во кои вработените најмногу напредуваат

- Advertisement -


Повеќето од нас поминуваат голем дел од животот на работа, па не е изненадување што нашите работни места може да имаат големо влијание врз нашето целокупно ментално здравје и благосостојба. Додека работата може да предизвика стрес, тага и гнев, некои исто така наоѓаат исполнување, цел и среќа во неа. Според извештајот „Состојбата на глобалното работно место“ на Gallup за 2024 година, 34% од испитаниците во истражувањето на глобално ниво велат дека „успеваат“, додека 58% проценти велат дека „се мачат“. Околу 8% од испитаниците ширум светот признаваат дека „патат“ на работа.

Оние кои напредуваат пријавуваат значително помалку здравствени проблеми и помалку грижи, стрес, тага, осаменост, депресија и гнев. Тие известуваат за повеќе надеж, среќа, енергија, интерес и почит, пишува во студијата, која се заснова на целосна животна проценка, која ги комбинира перцепциите на испитаниците за тоа каде се сега и во иднина.

- Advertisement -

Студијата имала за цел да го процени менталното здравје и благосостојбата на вработените и да го измери ангажманот преку позитивни искуства како напредување и уживање, како и негативни искуства како стрес, лутина, грижа, тага и осаменост.

Глобалното возрасно население во повеќе од 160 земји и региони ширум светот учествувало во истражувањето на Gallup. Податоците за овој извештај собрани во 2023 година ги вклучуваат резултатите на повеќе од 128.000 вработени испитаници

- Advertisement -

Ова се топ 10 земји во кои вработените велат дека напредуваат:
1.Финска: 83%
2.Данска: 77%
3.Исланд: 76%
4.Холандија: 71%
5.Шведска: 70%
6.Израел: 69%
7.Норвешка: 67%
8.Костарика: 62%
9.Белгија: 60%
10.Австралија: 60%

Европските земји доминираат на листата, а седум од нив се во првите 10.

- Advertisement -

Луѓето често ја спротивставуваат културата „работи за да живееш“ на Западна Европа со начинот на размислување „живеј за да работиш“ во САД, се наведува во извештајот. Впрочем, вработените во земјите со силни закони за работните права имаат најдобро емоционално здравје.

Австралија е во топ 10 со 60% од испитаниците кои изјавиле дека „просперирале“. Во Костарика 62% од испитаниците изјавиле дека „просперирале“. Израел исто така е на листата за регионот на Блискиот Исток и Северна Африка. Поширокиот регион забележа најголем процент на вработени кои „доживуваат дневен стрес“, при што 52% од испитаниците го пријавиле ова, наспроти 39% во Израел.

(Bizlife)

(фото: Pixa Hive)

Сподели!
- Advertisement -