Во обид да ги спречи сите оние кои ја гледаат нивната платформа без реклами и бесплатнo, YouTube започна со тестирање на вметнување реклами од страна на серверот директно во видеосодржината.
Војната на YouTube продолжува против кои се „шверцуваат“ и не плаќаат претплата на YouTube Premium и гледаат содржини без реклами, користејќи едно од популарните решенија за блокирање реклами.
Досега веќе видовме различни потези – од отстранување на пристапот до репродукција на видео, по три видеа видени без реклами, преку неофицијални дејства за забавување на корисничкото искуство или прескокнување на целото видео – се со цел некако да ги принудат корисниците да гледаат реклама или да се одлучат да платат претплата.
Во оваа низа мерки за борба против блокирањето реклами, YouTube сега отиде чекор понатаму. Android Police пишува дека некои гледачи забележале реклами – вметнати директно во видеосодржината од страната на серверот. На овој начин прелистувачот, неговите екстензии или надворешните апликации не можат да ја разликуваат рекламата од основната содржина, па затоа не можат ниту да ја блокираат.
Една од „жртвите“ на таквиот потег би можела да биде екстензијата Sponsorblock, која овозможува прескокнување спонзорирани сегменти во видеата, врз основа на времето на нивното појавување (временски печат). Во случај YouTube да вметне реклами во видеото од страната на серверот, должината на видеото се менува и временските ознаки се нарушуваат, па дури и тој приклучок повеќе не работи како што е предвидено.
Засега се вели дека е само ограничен експеримент. Вметнувањето реклами директно од серверот во видеосодржината е скап, комплициран и многу позахтевен начин за одржување од класичните начини на доставување маркетинг содржини, но доколку се покаже како профитабилен, не треба да изненадува ако во одреден момент заживее во полн обем.
(CDM)