Едноставен тест на крвта може да го предвиди почетокот на Паркинсонова болест 7 години порано

- Advertisement -

Едноставен тест на крвта може да ја предвиди Паркинсоновата болест седум години пред да се појават симптомите, што претставува голем чекор напред во дијагностицирањето на болеста. Истражувачите веруваат дека раното предвидување и дијагноза може да помогне да се најдат терапии кои би можеле да ја забават или да ја стопираат Паркинсоновата болест.

Тестот користи вештачка интелигенција (АИ) за да ја предвиди болеста, која е предизвикана од смртта на нервните клетки во делот од мозокот кој го контролира движењето. Кога овие нервни клетки умираат или се оштетуваат, тие ја губат способноста да направат хемикалија наречена допамин.

- Advertisement -

Заболените од Паркинсонова болест моментално се лекуваат со терапија со допамин откако веќе развиле симптоми, како што се тремор или забавено движење. Се смета дека раната дијагноза и третман ќе помогнат да се заштитат мозочните клетки кои произведуваат допамин.

Со мерење на осум протеини во крвта, можеме да идентификуваме потенцијална Паркинсонова болест кај пациенти неколку години порано, вели коавторот на студијата д-р Мајкл Бартл од Универзитетскиот медицински центар Гетинген и болницата Парацелзус-Елена во Касел, заедно со д-р Џени од Институтот за неврологија на UCL.

- Advertisement -

Ова значи дека терапиите со лекови потенцијално би можеле да се дадат во порана фаза, што би можело да ја забави прогресијата на болеста или дури да го спречи нејзиното појавување.

Пронаоѓањето на биолошки маркери кои може да се идентификуваат и да се измерат во крвта е многу помалку инвазивно од лумбалната пункција, која се повеќе се користи во клиничките истражувања. Експертите сугерираат дека со понатамошни истражувања, овој тест може потенцијално да ја разликува Паркинсоновата болест од другите состојби кои имаат некои сличности. Тимот, исто така, испитувал дали тестот може да ја предвиди веројатноста за развој на Паркинсонова болест.

- Advertisement -

Анализирана е крвта на 72 пациенти со нарушување на однесувањето на РЕМ спиењето бидејќи е познато дека околу 75% до 80% од овие луѓе ќе развијат синуклеинопатија – вид на мозочно нарушување предизвикано од абнормална акумулација на протеинот алфа-синуклеин во мозочните клетки, вклучувајќи ја и Паркинсоновата болест.

Пациентите биле следени 10 години и истражувачите велат дека предвидувањата на вештачката интелигенција досега биле точни, а тимот точно предвидел дека 16 пациенти ќе развијат Паркинсонова болест и дека тоа би можело да го сторат до седум години пред да се појават какви било симптоми.

Истражувачите се надеваат дека ќе обезбедат средства за развој на поедноставен тест каде капка крв може да се испрати во лабораторија за да се види дали може да ја предвиди Паркинсоновата болест дури и порано од седум години пред да се појават симптомите.

Истражувањето, кое е финансирано од грантот на ЕУ, „Horizon 2020“, е објавено во списанието Nature Communications.

(Zimo)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -