Барселона најавува забрана за издавање станови на туристи

- Advertisement -

Градоначалникот на Барселона, Жауме Колбони, најави дека до 2028 година ќе го забрани издавањето станови на туристи, со што сака да го запре растот на трошоците за домување и да им овозможи на граѓаните да живеат во нивниот град.

Колбони прецизираше дека Барселона до 2028 година ќе ги укине дозволите за краткорочни закупи за 10.100 станoви, бидејќи многу од нив моментално ја имаат оваа опција.

- Advertisement -

„Се бориме со најголемиот проблем на Барселона и тие 10.000 станови ќе ги користат граѓаните или ќе завршат на пазарот под закуп или продажба“, рече Колбони.

Тој посочи дека оваа мерка е одговор на зголемените тешкотии кога станува збор за купување дом во станбена зграда во Барселона, каде што понудата е ретка, а цените за изнајмување во просек надминуваат 1.100 евра месечно.

- Advertisement -

Социјалистичкиот градоначалник, кој е околу една година на функцијата, инсистира дека во 2029 година концептот на туристички апартман повеќе нема да постои во каталонската престолнина.

(Bizlife)

- Advertisement -

(фото: Wallpaper Flare)

Сподели!
- Advertisement -