Една четвртина од вработените во Германија сè уште работат од дома

- Advertisement -

Обемот на работа од дома во Германија се уште е на високо ниво неколку години по пандемијата на коронавирус, иако во споредба со претходните години е во благ пад, објави во средата Федералниото биро за статистика во Визбаден.

Во 2023 година 23,5% отсто од вработените работеле од дома целосно или делумно, што е мало намалување во однос на претходните години, се наведува во соопштението на Федералното биро за статистика. Конкретно е намален бројот на оние кои секојдневно работат дома.

- Advertisement -

Во споредба со периодот пред пандемијата, уделот на вработени кои работат од дома е двојно зголемен. Во март 2022 година заврши обврската на работодавците да овозможат работа од дома, секогаш кога е можно да се усогласи со работните процеси.

Најголем процент од оние кои работат од дома е забележан во ИТ секторот, при што речиси 75% од вработените работат од дома целосно или делумно. Сличен висок процент е забележан и во секторите администрација, осигурување и бизнис консалтинг.

- Advertisement -

Најмал процент е забележан во здравствениот сектор, каде што само 6,4% од вработените повремено работеле од дома. Слично низок процент бележи и малопродажбата и градежништвото.

Работата од дома најмногу ја користеле помладите вработени од возрасната група од 25 до 44 години, што аналитичарите го поврзуваат со можноста за грижење за децата.

- Advertisement -

Со овие статистики на работа од дома, Германија е на средината на рангирањето во споредба со другите членки на ЕУ. Во рамките на Европската унија работата од дома најмногу ја користат Холанѓаните, Швеѓаните и Финците, а најмалку Бугарите, Романците и Грците.

Во долниот дел на рангирањето е и Хрватска по бројот на вработени кои работат од дома.

(Dnevnik.hr)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -