ЕУ прeсече: Воведува привремени царини за кинеските електрични автомобили

- Advertisement -

ЕУ донесе одлука за привремени царини за кинеските електрични возила, а тоа може да се претвори во конечна одлука за неколку месеци.

По дебата, истражување и мерење девет месеци, Европската унија одлучи да воведе „привремена компензаторна давачка за увозот на електрични возила со батерии (BEV)“ од Кина. Како што објаснија во соопштението за печатот, врз основа на анализите, Европската комисија заклучи дека синџирот на вредности на BEV во Кина има корист од неправедните субвенции, што предизвикува потенцијална економска штета на производителите на BEV во ЕУ. Анализата ги опфати и евентуалните последици и влијанието на тие мерки врз увозниците, корисниците и потрошувачите на BEV во ЕУ.

- Advertisement -

Тие посочуваат дека консултациите со кинеската влада се интензивирани во последните недели, по размената на мислења меѓу извршниот потпретседател Валдис Домбровскис и кинескиот министер за трговија Ванг Вентао. Оттаму додаваат дека продолжуваат контактите на техничко ниво со цел да се постигне решение компатибилно со СТО, кое соодветно ја решава загриженоста изразена од Европската унија.

Индивидуалните давачки што се применуваат за трите кинески производители од примерокот се:

- Advertisement -

BYD: 17,4%;
Geely: 19,9%;
SAIĆ: 37,6%.

Овие привремени давачки ќе важат од 5 јули 2024 година, за најмногу четири месеци.

- Advertisement -

(Zimo.dnevnik.hr)

Сподели!
- Advertisement -