Скандинавска земја воведе финансиски бабите и бабите кои чуваат внуци

- Advertisement -


Во Шведска започна имплементацијата на нов закон кој им овозможува на бабите и дедовците да добиваат платено родителско отсуство додека се грижат за своите внуци до три месеци во текот на првата година на детето. Во декември минатата година шведскиот Риксдаг го одобри предлогот на владата за пренос на родителскиот додаток.

Ова се случи 50 години откако Шведска стана првата во светот која воведе платено родителско отсуство за татковците, а не само за мајките. Според новиот закон, родителите можат да префрлат дел од додатокот за родителско отсуство на бабата и дедото на детето. Родителскиот пар може да префрли најмногу 45 дена на други, додека самохран родител може да префрли 90 дена, објави Шведската агенција за социјално осигурување.

- Advertisement -

Родителскиот додаток во Шведска се плаќа за 480 дена или околу 16 месеци по дете. Овој надомест се пресметува врз основа на целосен приход за 390 дена, додека за останатите 90 дена се добива фиксна сума од 17 долари дневно.

Има и други бенефиции за родителите во Шведска – тие можат да работат со скратено работно време додека детето не наполни осум години, додека државните службеници можат да добијат скратено работно време додека детето не наполни 12 години.

- Advertisement -

(Bizlife)

(фото: Pexels)

Сподели!
- Advertisement -