Иновативни билборди на ИКЕА ги шират сончевите зраци до кафулиња под сенка

- Advertisement -

Шведското лето знае да биде непредвидливо и често прилично студено. Но, со новата надворешна кампања на ИКЕА во Стокхолм, брендот има за мебел сака да ги максимизира достапните сончеви часови.

Специјално создадени билборди, опремени со огледало и контролирани со GPS мотор, ја рефлектираат природната сончева светлина кон местата за седење на отворено кои инаку би биле под сенка. Благодарение на GPS, аголот на билбордот автоматски се прилагодува во реално време според положбата на сонцето за да обезбеди момент на светлина и топлина за гостите на ближното кафуле.

- Advertisement -

„Знаеме колку местата за седење на отворено можат да бидат преполни кога ќе излезе сонцето. Во исто време, за нас во ИКЕА е малку тажно да гледаме мебел на отворено да стои празен и сам во сенка. За да им дадеме на луѓето повеќе места за уживање во сонцето и да се осигураме дека се користи повеќе мебел на отворено, ја создадовме оваа иницијатива, која беше пофалена и од посетителите и од сопствениците на кафулињате“ – објаснува Јонас Вестберг, директор за пазарни комуникации во ИКЕА Шведска.

Кампањата е создадена во соработка со креативната агенција Åkestam Holst NoA и партнерските агенции Havelle и Ocean Outdoor.

- Advertisement -

Извор – Маркетинг 365

Сподели!
- Advertisement -