Од Реплек АД Скопје преку Македонската берза информираа дека на Годишното собрание на компанијата одржано на 25.04.2024 година била донесена Одлука за поделба на обичните акциии издадени од Реплек и намалување на номиналниот износ на акциите во сооднос 1:10 .
Врз основа на член 5 од оваа одлука уписот на поделбата на акциите во Централен депозитар за хартии од вредност АД Скопје ќе биде спроведен согласно состојбата на акционерската книга на ден 12.07.2024 година, по спроведено порамнување на берзанските трансакции. За целите на успешно спроведување на наведената Одлука, по извршени консултации и добиени насоки од Комисијата за хартии од вредност и Централниот депозитар за хартии од вредност, Ве известуваме дека на ден 12.07.2024 година времено ќе биде стопирано тргувањето со акциите издадени од Реплек на Официјалниот пазар на Македонската берза АД Скопје и истото ќе продолжи на 15.07.2024 година, информираа од компанијата. Оваа одлука, според познавачите на берзанскиот пазар, значи дека акцијата на Реплек ќе биде достапна за повеќе инвеститори со што компанијата ќе привлече свеж капитал.