Вештачката интелигенција може да препознае дека некој лаже подобро од луѓето

- Advertisement -


Колку добро и колку брзо можете да препознаете кога некој ве лаже? Истражувањата покажуваат дека луѓето, генерално кажано, се прилично лоши во разликувањето на вистината од лагата. Затоа, не е чудно што низ историјата луѓето се обидувале на различни начини да го препознаат лажењето, дури и со помош на технологијата.

Сега вештачката интелигенција е актуелна тема, па луѓето се прашуваат дали ќе може да препознае лага поефикасно од постарите технологии. Како што пишува MIT Technology Review, некои веруваат дека вештачката интелигенција може да помогне во подобрувањето на нашето препознавање на лаги, па дури и да биде подобра во тоа од полиграфските тестови.

- Advertisement -

И таквите системи би можеле да се користат не само за препознавање на лаги во полициските истраги и испрашувања, туку еден ден ќе ни помогнат да ги разликуваме вистинските факти од лажните вести, пренесува Zimo.

Група научници од германскиот универзитет во Вирцбург дизајнираа алатка која користи вештачка интелигенција и е значително подобра од луѓето во забележувањето на лагите. Тие дури направија низа експерименти врз луѓе за да проверат како работи алатката. Во студијата објавена во списанието iScience тие истакнуваат дека алатката, на некој начин, сепак, била корисна, бидејќи им помогнала на луѓето кои ја користеле подобро да забележат лага.

- Advertisement -

Меѓутоа, германските научници забележале и интересен феномен. Иако испитаниците за време на експериментите биле свесни дека 50% од изјавите што ги оценувале се секако лажни, тие карактеризирале само 19% со овој опис. Но, кога користеле алатка со вештачка интелигенција, оцениле 58% од изјавите како лажни.

Генерално, луѓето препознале лажни изјави во половина од случаите. Вештачката интелигенција била малку подобра, со 67% од лажните изјави. Подобро од човек, но сепак, далеку од совршенство.

- Advertisement -

Научниците кои ја дизајнирале алатката истакнуваат дека нивната цел била да создадат алатка за вештачка интелигенција која ќе биде подобра од човек, а не која ќе биде совршена во препознавањето лажни изјави.

Создавањето совршена алатка со вештачка интелигенција која ќе ја препознае секоја лага може да има негативно влијание врз луѓето и општеството, бидејќи може да предизвика сомнеж и недоверба.

Поради оваа причина, германските научници истакнуваат дека треба да се најде баланс меѓу алатките кои ќе ни помогнат полесно да ги препознаеме дезинформациите и лажните вести кои се шират на социјалните мрежи и нашата доверба во другите луѓе и нивната искреност.

(N1)

(фото: PickPik)

Сподели!
- Advertisement -