Ова е најбрзиот објект направен од човек

- Advertisement -

Соларната сонда Паркер на НАСА се движи низ вселената со рекордна брзина и со собирање невидени податоци од надворешната корона на Сонцето, ги поместува границите на науката.

Паркер постигна свој рекорд како најбрз објект направен од човекот. Сондата патуваше со брзина од 635.266 километри на час на 29 јуни, втор пат кога ја достигна таа брзина од нејзиното лансирање во 2018 година. Тоа е брзина која е околу 500 пати поголема од брзината на звукот.

- Advertisement -

Сондата Паркер се очекува да продолжи да забрзува и се предвидува дека ќе достигне максимална брзина од околу 400.000 милји на час до 2025 година, за време на најблиското прелетување на Сонцето. На Земјата, на пример, таа брзина би била доволна за да се патува од Вашингтон до Токио за помалку од една минута.

Сондата се потпира на помошта на гравитацијата на планетата Венера за да ја одржи својата брзина и ја користи за да орбитира околу Сонцето. Во април 2021 година соларната сонда Паркер го „допре“ Сонцето, собирајќи примероци од плазма и мерејќи ги промените во магнетното поле. Сега го заврши својот 20-ти пристап, на 7,26 милиони километри од површината на Сонцето. Целта на сондата е да дојде на 6,12 милиони километри од површината на Сонцето.

- Advertisement -

Сондата Паркер е изградена да издржи екстремни услови, со композитен штит од 11,4 сантиметри, кој може да издржи температури од речиси 1.371 Целзиусови степени. Оваа сонда собира непроценливи податоци од Сонцето, кои се недостапни за научниците при набљудувањата од Земјата.

(Science Alert)

- Advertisement -

(фото: NASA)

Сподели!
- Advertisement -