Овој јули, Виталиа, водечки производител на здрава храна во Македонија и регионот, со гордост ја претстави својата најнова иновација: ВЕГАН ПРОТЕИНСКА ГРАНОЛА без додаден шеќер.
Достапна во два извонредни вкусови: кокос и бадем и темно чоколадо со шумско овошје, оваа гранола е идеална за активни луѓе кои бараат вкусен и хранлив начин да го збогатат својот режим на исхрана.
Формулирана со врвни растителни протеини – соја и грашок, оваа гранола е богата со хрантливи материи, содржи 23% протеин (14 грама по порција) и високо количество на растителни влакна. Со само 1 грам природни шеќери по порција, таа е одличен избор за оние кои внимаваат на внесот на шеќери.
Нашата нова Протеинска гранола е резултат на длабоко истражување за нутритивните трендови и навиките на модерниот потрошувач“, изјавија од развојниот тим на Виталиа.
„Со користење на грашок и соја како наши примарни извори на протеини, создадовме гранола која поддржува здрав, активен животен стил без компромис на вкусот“.
Протеинската гранола на Виталиа во моментот може да ја најдете во маркетите Веро, Рамстор, Тамаро, како и на онлајн продавницата на Виталиа.
Направете го првиот чекор кон поздрав животен стил со Виталиа Протеинската гранола, идеална за:
Појадок: Во комбинација со млеко, јогурт или растителен напиток, оваа гранола е одличен начин да го започнете денот со енергија и хранливи материи.
Ужина: Содржината на протеини и растителни влакна ја прави идеална за лесна и здрава ужина и грицкање помеѓу оброците.
За пред или по вежбање: Обезбедува енергија и хранливи материи потребни за оптимални перформанси и брзо опоравување.
За повеќе информации, посетете го веб сајтот на Виталиа – www.vitalia.com.mk и следете ги на социјалните мрежи. Откријте ги најновите информации, рецепти и совети за здрава исхрана и придружете се на заедницата на здраво живеење.
Пробајте ја новата Протеинска гранола од Виталиа и уживајте во вкусот и здравјето во секој залак!