Венеција не само што ќе продолжи да ја наплаќа туристичката такса, туку и ќе ја зголеми

- Advertisement -

Венеција сака да продолжи да им наплаќа на патниците по завршување на пробниот период на наплата – прва таква шема во светот.

Венеција планира да одговори на зголемената побарувачка со удвојување на цената на билетот од 5 на 10 евра за време на шпиц периоди, изјави за локалниот весник Мишел Зуин, градскиот советник задолжен за финансии.

- Advertisement -

Во пробниот период од речиси еден месец, градот оствари приход од повеќе од два милиони евра. Во некои денови биле регистрирани и над 25.000 туристи кои го платиле данокот, пишува Бернама.

Зуин изјави за весникот Ил Газетино дека од 2025 година ќе важи „основна стапка“ за еднодневните посетители во одреден период од годината.
Но, за време на „критичните денови“ туристите ќе треба да платат максимална цена од 10 евра. Градот не планира да објави официјален извештај веднаш по овој викенд, но прво ќе ги анализира собраните податоци. Помеѓу 8:30 и 16 часот, кога имаше пробен период, се наплаќаше такса од пет евра, а посетителите можеа да добијат QR код преку Интернет како доказ за уплатата.

- Advertisement -

Се проценува дека околу 15 милиони туристи ја посетуваат Венеција секоја година, што ја прави еден од најпосетуваните градови во светот. Масовниот туризам носи значителни приходи во градскиот буџет, но предизвикува и големи штети.

Bizlife.rs

- Advertisement -

Фото – Flickr

Сподели!
- Advertisement -