Јадењето сладолед навистина ве прави среќни. Научниците открија дека една лажица ладен сладолед го активира истиот центар за задоволство во мозокот како освојување пари или слушање на вашата омилена музика.
Невронаучници од Институтот за психијатрија во Лондон го скенирале мозокот на луѓе што јаделе сладолед од ванила. Тие откриле непосреден ефект на делови од мозокот за кои е познато дека се активираат кога луѓето уживаат. Тие го вклучуваат орбитофронталниот кортекс, областа за обработка на предниот дел од мозокот.
Истражувањето го спроведе компанијата Unilever користејќи го нивниот сладолед Walls. Од Унилевер велат дека ова е првпат да се покаже дека сладоледот ве прави среќни. Само една лажица ги надразнува среќните зони на мозокот во клиничките испитувања.
Научниците користеле функционална машина за снимање со магнетна резонанца за да го набљудуваат протокот на крв во активираните области на мозокот кога луѓето јаделе сладолед.
Ако веќе не смисливте друга причина за летово да се разладувате со ова слато задоволство, еве ви една конкретна, научна причина. Сепак, умереноста е на прво место за да можете да бидете спремни и за на плажа.
(The Guardian)
(фото: Deviant Art)