Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун ја посети локацијата каде што ќе има голем туристички објект на источниот брег на земјата и најави дека ќе биде отворен до следната година, иако Северна Кореја сè уште ги блокира посетите на повеќето странски туристи, објавија државните медиуми.
Ким ја обиколи зоната Вонсан-Калма со највисоките пратеници и разговараше за подготовките за нејзино отворање до мај 2025 година, како што беше одлучено на состанокот на владејачката партија во јануари.
Северна Кореја со години гради луксузни хотели и други угостителски, туристички и рекреативни објекти во таа зона со цел да се создадат најдобри можни услови за меѓународните посетители. Но, проектот, наводно, е закочен поради недостиг на градежни материјали како резултат на построгите санкции на ОН и пандемијата на Ковид-19.
Ким изјави дека изградбата е влезена во завршна фаза. Северна Кореја полека ги ублажува своите строги ограничувања за влез како дел од напорите за заживување на економијата, но таа сè уште не ги отворила своите граници за странските туристи, освен релативно малиот број Руси кои ги посетија на почетокот на оваа година.
Враќањето на кинеските туристи веројатно би обезбедило многу поголем извор на приход, бидејќи тие претставувале околу 90% од оние што ја посетиле Северна Кореја пред пандемијата. Во 2019 година рекордни 300.000 странски туристи ја посетиле Северна Кореја, што на земјата и донесе меѓу 90 и 150 милиони долари (82-137 милиони евра), велат експертите.
(Bizlife)
(фото: Flickr)