Мotorola најави мобилен телефон за кој велат дека ќе биде најтенкиот мобилен телефон од воена класа во светот. Значи, ќе има сертификат MIL-STD-810 и ќе биде заштитен од екстремна топлина, студ, влага и удари.
Засега не е јасно за кој мобилен телефон се работи, но како што пренесува GSM Arena, тоа би можело да биде претстојниот Edge 50 Neo.
Наводно, ќе се напојува со Dimensity 7300 на MediaTek, поврзан со 8 или 12 GB RAM и 256 или 512 GB внатрешна меморија. Треба да има 6,5-инчен pOLED екран од 120 Hz, кој ќе биде заштитен од пукнатини и гребнатини со Gorilla Glass 3.
Меѓу останатите спецификации, телефонот треба да има главна камера од 50 мегапиксели, ултра-широка од 13 мегапиксели и телефото камера од 10 мегапиксели на задната страна, додека на предната има камера од 32 мегапиксели. Ќе има батерија со релативно мал капацитет – 4.310 mAh, ќе биде дебела 8,1 mm и ќе тежи 171 грам.
Потврдено е дека телефонот прво ќе се појави на индискиот пазар.
(Bug.hr)
(фото: Flickr)